- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

ДЗС: Просечната нето плата во октомври била 27.899 денари, за 8,4 отсто повеќе од истиот месец лани

ССМ бара да продолжи финансиската - Работник
129views

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 108,4, што значи дека таа е повисока за 8,4 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС, според кој, просечната нето плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27.899 денари или 453 евра. Додека во периодот од јануари до крајот на октомври порастот на нето платата изнесува 8,2 отсто во споредба со истиот период од 2019 година.

Ваквото зголемување во октомври 2020 година, според ДЗС, е резултат, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита за 12 отсто, потоа уметност, забава и рекреација за 11,6 отсто и преработувачка индустрија за 11 отсто.

Во однос на претходниот месец од годинава, зголемување на нето платите имало во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,4 отсто, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,4 отсто и стручни, научни и технички дејности за 3,6 отсто.

Во октомври годинава во секторот информации и комуникации била исплатена највисока просечна плата од 50.418 денари, за 10,7 отсто повеќе од истиот месец лани, додека најниската просечна плата се исплатила за вработените во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 19.148 денари, што е за 3,9 отсто повеќе од октомври 2019 година. Во периодот јануари – октомври годинава платата во информации и комуникации се зголемила за 11 отсто, во однос на истиот период лани, додека во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, се намалила  за 1,8 отсто.

Извор: Мета.мк