Директна инекција за економијата- туристичките работници и хотелиерите задоволни од заложбите на владата за промоција на туризмот
Со доаѓање на првите 180 германски туристи во Македонија туризмолозите ги поздравија заложбите на владата за промовирање на земјава во европски и светски рамки. Влегувањето на германскиот туроператор “Ер-ес-де ” на македонскиот пазар кај нас ќе престојуваат 35.000 туристи од Германија,Франција и Англија и тоа во период надвор од туристичката сезона, кога Охрид како и останатите центри е буквално мртов град.
“Тоа ќе биде една дирекна инекција за економијата,ние мора да сфатиме дека што повеќе се продолжува сезоната во Охрид, услугите ќе се користат а со тоа расте и буџетот, тоа е многу важно и за целокупната економија на Македонија.Охирд е еден споменик, град музеј со неограничени потенцијали и сето тоа ќе биде во една добра кохезија да се поврзе понатака за успешна туристичка приказна”-вели Михајло Филев-туристички менаџер.
Повеќе на Алфа
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025