ПравдаСветот на работникот

Добиена првата кривична пресуда во текстилната индустрија

Здружението Гласен Текстилец од Штип поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Делчево против Соња Дамјанова од Делчево и правните лица Аледам Фешн Делчево и Палтекс АД Делчево за кривични дела ,,Повреда на права од работен однос “ по чл.166 од КЗ на Р.С.Македонија и ,,Фалсификување на исправа” по чл.378 ст.1 од КЗ на Р.С.Македонија.
📣Основното јавно обвинителство Делчево поднесе обвинение против осомничените лица за горенаведените лица бидејќи лицето Соња Дамјанова како управител на Аледам Фешн од Делчево не се придржувала кон член 97 од Законот за работни однос за престанок на работен однос од деловни причини и не и исплатила испратнина на работничката-оштетена на постапка и како управител на правното лице Палтекс АД од Делчево во име и за сметка на правното лице направила лажна исправа договор за вработување со оштетената работничка, кој договор непотпишан од страна на работничката го употребила пред инстититуциите во државата.
📢Судот по одржаната главна, јавна и усна расправа ја огласни за виновна Соња Дамјанова од Делчево каде за кривично дело ,,Повреда на права од работен однос “ по чл.166 од КЗ на Р.С.Македонија ја осуди на парична казна од 500 евра во денарска противвредност односно 30.750,оо денари и за кривично дело ,,Фалсификување на исправа” по чл.378 ст.1 од КЗ на Р.С.Македонија ја осуди на парична казна од 500 евра во денарска противвредност односно 30.750 денари, односно осудената Соња Дамјанова од Делчево треба да плати парична казна од 31.530,оо денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105,924,оо денари.
✅Ја поздравуваме ова судска одлука и со ова сакаме да се воспостави конечно пракса во однос на кривични дела за работните односи против работодавачите, поголема сензибилност за јавното обвинителството и судовите во државата за кривични дела кои што се застапени против работните односи и да започне да се практикува Кривичниот Законик, а не како досега само да биде запишано на лист хартија и да се третираат како прекршување на работни односи.
➡️Ова се кривични дела предвидени согласно Кривичниот Законик и време е во пракса да се третираат како такви, се со цел да се намалат овие девијантни појави и злоупотреби на грбот на работниците.