ПравдаСветот на работникот

Добиле отказ преку социјалната мрежа Зум

Добиле отказ - Работник
123views

Ширењето на корона вирусот принудило десетици милиони на луѓе својата работа да ја работат од дома, а со тоа и целата бизнис комуникација се преселила на различни социјални мрежи.

Во светло на новонастаната ситуација една апликација доживела вртоглав скок во бројот на корисници. Софтверот за видео – конференции Зум доминира на листата на најчесто преземени апликации за Ајфон и за Андроид со 20 милиони нови корисници во текот на минатата недела, со што далеку зад себе ги оставил сите слични софтверски решенија.

Меѓутоа, покрај тоа што Зум пред се користи за онлајн одржување на состаноци, преку оваа апликација започнале да се делат и откази.

Минатата недела во само еден ден околу 300 вработени во компанијата за организација на патувања, „Трипакшонс“ добиле отказ преку Зум.

Многумина се придружиле на видео повикот насмеани, очекувајќи уште еден состанок на тимот, меѓутоа нивниот шеф после краткиот вовед во економијата и корона вирусот соопштил дека сите кои присуствувале на состанокот се отпуштени.

Според сведочењето на еден од работниците кој добил отказ на ваков начин, тогаш настанал хаос. „Луѓето плачеле и паничеле. Тоа било како 100 различни видеа на потполен хаос“, рекол вработениот.

Иако никој не е сигурен на кој начин ваквата вест е најдобро да се соопшти во моменталните околности, вработените на „Трипакшонс“ се согласни дека видо – повикот во кој учествувале стотина луѓе, сигурно не е.

Поради епидемијата на корона вирусот туризмот прв претрпел огромна штета, па стартапите и компаниите поврзани со патувањата започнале да отпуштаат стотици вработени.