- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Добра плата во докажана компанија што ќе ме цени – услов да не заминам во странство ако можам. Резултати од анкета

578views

Младите би останале да работат во Македонија ако работодавците им понудат работна средина која овозможува вреднување на трудот, кариерен развој, професионален однос и тимска работа и, секако, грижа за здравјето и добра плата. Ова го покажуваат резултатите од неодамнешната анонимна интернет-анкета на Факултети.мк – „Што е тоа што би ве мотивирало да не заминете да работите во странство, доколку имате можност за тоа?“

Во анкетирањето учествуваа 682 испитаници, од кои 53,1% одговорија дека би останале во земјата доколку најдат работна средина која го поттикнува кариерниот развој. На истото прашање 48,4% од испитаниците одговорија дека добра работа со солидна плата е доволна за да ги убеди да ја продолжат кариерата во Македонија, а за 21,4% е значајна работната средина која поттикнува иновации. Речиси половина од тие испитаници ги потенцираат како услови и почитувањето на законите, функционирањето на правната држава и модернизирањето на самата држава, како и почитувањето на човековите права.
 
Повеќе на факултети.мк