МакедонијаПравдаСветот на работникот

Доколку е загрозено неговото здравје, работникот може да одбие да работи

522views

РАБОТНИКОТ МОЖЕ ДА ОДБИЕ ДА РАБОТИ АКО НЕПОСРЕДНО Е ЗАГРОЗЕНО НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ!

Со ширењето на Covid 19 вирусот не беа одминати ниту работните места. Оваа пандемија покажа колку е кревок системот на безбедност и здравје при работа и колку лесно и брзо може да се шири вирусот и преку работните места.
Протоколи нема, а каде што ретко се донесоа не се почитуваат. Ние и претходно имавме проблем со почитување на заштитните мерки на работа, а сега се чини таа непослушност и „комотен“ однос кон заштитата ни донесе силни негативни последици. Треба да знаете дека секој вработен може да одбие да работи и да извршува работни задачи БЕЗ ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ доколку непосредно е загрозено неговото здравје и безбедност. Тоа значи дека ако некој е со симптоми на Корона вирус, а работодавачот инсистира да продолжи да работи, останатите вработени може да одбијат да работат и да ги напуштат работните места!!, пишува д-р проф. Лазар Јовевски на неговата фејсбук страна.