МакедонијаНовостиСветот на работникот

Доколку работодавачот ви даде ваков договор, НЕ ГО ПОТПИШУВАЈТЕ!

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Гласен Текстилец:

Доколку правното лице се затвара поради деловни причини (технолошки,економски,организациони и слични промени), а некои од работниците остваруваат право на старосна пензија,тогаш работодавачот е должен да им исплати отпремнина во висина од две просечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеца. 💵

Ако вашиот договор за вработување во правното лице во кое работите е на неопределено работно време,доколку работодавачот поради затворање на правното лице ви врачи трансформација од договор на неопределено работно време во договор на определено работно време, не го потпишувајте бидејќи во спротивно ќе го изгубите правото на испратнина и правото на отпремнина кое ви следува согласно Законот за работните односи.⚖️

Фото: Unsplash