ПравдаСветот на работникот

Докторите се исфрлаат од своите домови во Индија од страв дека шират корона вирус

   Време за читање 2 минути

Како што глобалната пандемија на корона вирусот се влошува од ден а ден, се шири страв и во Индија, а здравствените работници кои се на првата линија на борбата го носат товарот од јавната паника.

Индија досега има 562 случаи на корона вирус, релативно мал број гледајќи го бројот на населението во државата. Но, постојат знаци на растечка анксиозност и покрај ставањето на земјата во целосен карантин која се одразува со панично купување на намирници и вознемирување на докторите и другите работници кои се на првата линија на фронтот.
Здравствените работници во главниот град Њу Делхи велат дека биле осудувани и дискриминирани од страна на нивните општества поради стравот дека тие се носители на заразата, бидејќи работат со пациенти заболени од корона вирус. Некои од докторите пријавиле дека биле исфрлени од нивните домови и дека добивале закани дека ќе им биде исклучена струјата.
На докторите, сестрите и другите здравствени работници вклучени во борбата против корона вирусот им било речено да ги напуштат своите изнајмени куќи, а некои од нив пак биле насилно исфрлувани од страна на сопствениците на изнајмените домови, поради стравот дека се заразени од корона вирусот“, се вели во писмото на Асоцијацијата на докторите на институтот Њу Делхи за медицински науки, испратено во вторникот до Министерот за внатрешни работи, Амит Шах.
„Голем број на доктори се оставени на улиците со нивните багажи, немајќи каде да одат низ целата држава“, се вели во писмото, со кое се бара од Шах да преземе дејствије и да ги заштити здравствените работници.
Не се само здравствените работници осудувани. Вработените во авиокомпаниите го имаат истиот проблем, особено оние коишто биле во летовите кои ги враќале Индијците од жариштата на вирусот, како што е Кина. Едно видео коешто циркулира низ социјалните мрежи покажува една вработена во авиокомпанијата ИндиГо која раскажува дека поради гласните дека таа била заразена, на нејзината мајка одбивале да и продадат храна во продавниците.