ПравдаСветот на работникот

Дополнување: Работниците да не потпишуваат никакви спогодби

❌СООПШТЕНИЕ ДО РАБОТНИЦИТЕ/ЧКИТЕ❌АЛАРМАНТНО II ДЕЛ

⛔️Како дополнение на претходната објава, сакаме уште да апелираме до работниците уште еднаш да не се потпишуваат на никакви спогодби, трансформации на работен однос и документи особено работниците кои се на договор за неопределено време, бидејќи доколку се потпишете и договорот ви се трансформира од неопределено на определено време му се отвора можност на работодавачот по истекот на договорот истиот да не ви биде продолжен и да го прекине работниот однос. Исто така загрижувачки се и спогодбите за прекин на договор за вработување, односно доколку со спогодба го раскинете договорот за вработување не ве следува паричен надоместок од Агенцијата за вработување на РСМ.

⭕️Доколку се поведени дисциплински постапки против работниците/чките поради неисполнет нормиран учинок

ве повикуваме да пријавите во Здружението Гласен Текстилец Штип, каде ќе побараме таквите незаконитости од страна на работодавачот да бидат поништени.

✅Правата на работниците/чките се наш врвен приоритет, а силна потврда е довербата кои ја имаме од самите работници/чки.