ДСЗИ го демантира Меџити- Не сме правеле никаков надзор на Кардиохирургија
Актуелната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска денеска за фокус изјавила дека досега тие не правеле никаков надзор на Кардиохирургија.
„Досега ние како ДСЗИ не сме правеле никаков надзор на Кардиохирургија, ниту пак досега имало таква потреба. Откако сум јас директорка до нас немало никаква претставка за работата на Кардиохирургија“, nиту пак од министерот сме добиле налог за вонреден инспекциски надзор’, истакна во изјава за „Фокус“,Младеновска.
Министерот Меџити пак синоќа на тв 24 се повика на извептај од инспекторатот и покани новинарите да дојдат во неговиот кабинет и да им го покаже извештајот во кој конкретно ке видат какви злоупотреби се наведени во него.
Министерот претпладнево на прашања на новинарите ја отфрли политиката како причина за разрешување и им најави на новинарите дека попладне ќе направи брифинг во неговиот кабинет за да слушнат и видат што е причина за разрешувањето на директорот на клиниката за Кардиохирургија.