Дукоски: Нема картелско здружување, такво нешто не се случило
Време за читање помалку од минута
Претседателот на Трговската комора при Сојузот на стопански комори, Сашо Дукоски вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 проговори за случајот каде четири ланци на маркети ВЕРО, Тинекс, КАМ, Рептил како и Сојузот на стопански комори склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување. Тој е дециден дека тоа е тотално неточно тврдење.
„Мојот коментар е дека ние работиме согласно закон, ова е тотално неточно тврдење кое што се надевам низ постапката ќе си се докаже, а од друга страна гледаме дека пак се расфрламе со спектакуларни термини во смисла на картелско здружување. Картелите се на други места. Такво нешто не се случило, не е точно“, порача Дукоски.
Latest posts by Редакција (see all)
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025