ЕкономијаМакедонијаНовости

Дурмиши: Финансиска поддршка од 80 милиони денари за микро, мали и средни компании, за занаетчи

   Време за читање 1 минута

Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици во согласност со програмата за развој на претприемаштвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година.

Како што објави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за мерките во согласност со оваа програма се одвоени вкупно 80.000.000 денари од буџетот на Министерството за економија и труд.

Малите и средните компании од денеска може да аплицираат за пет мерки за да добијат финансиска поддршка за:

1. Јавен повик за за субвенционирање микро, мали и средни претпријатија;

2. Јавен повик за субневционирање занаетчии;

3. Јавен повик за за надоместување дел од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ-систем на мали и средни претпријатија (МСП);

4. Јавен повик за за надоместување дел од трошоците за сертификација на системи за квалитет според ИСО-стандарди на мали и средни претпријатија (МСП);

5. Јавен повик за кофинансирање проекти за развој и промоција на претприемаштвото и занаетчиството, како и програмски активности на мрежите на бизнис-ангели.

Извор: Макфакс