ПравдаСветот на работникот

Еве како работодавачите ги наградиле за работа во ек на пандемија – „Ова е понижувачки“

Еве како работодавачите ги наградиле - Работник
57views

Една од работите на кои пандемијата на коронавирусот ни укажа е фактот колку некои дејности ни се неопходни. Во прв ред се здравствените работници, но и вработените во продавниците и возачите на камионите кои носат производи за масовна потрошувачка.

Многумина од нив на работните места оделе загрижени за своето здравје, но работата ја извршувале совесно.

Сега кога ситуацијата со епидемијата се смирува, задолжените за плати и наградување во некои случаи заборавиле на се што направиле работниците.

Корисникот на Твитер, Милквамп објавил дека неговиот најдобар другар кој работи во Волмарт, добил неколку чоколади, во знак на благодарност, од неговиот работодавач.

 

Неговата објава собрала повеќе од 150,000 лајкови, споделена е речиси 30,000 пати и започнала вистинска дискусија. Се покажало дека не е се црно – бело.

Некои ги опишувале тешките работни услови во текот на пандемијата, додека други истакнале дека не е фер да се провлекува Волмарт низ кал, бидејќи претходно им исплатил на своите работници бонуси за работа во ек на пандемија и дека планира повторно да го направи тоа. Трети истакнале дека делењето на чоколади и слични подароци е веројатно идеја на менаџерите на поединечни продавници кои и да сакаат, не можат да носат поголеми финансиски одлуки.

Милквамп за Боред Панда раскажал дека неговиот пријател заклучил дека кесата со чоколади е детска.

„Не е воопшто поентата во кесата, не сум поради тоа вознемирен. Луѓето кои работат во Волмарт заработуваат минималец и немаат ни здравствено. Мораа да работат во текот на пандемијата, а тие не се волонтери. Кесата со бомобони не е побарана, ниту потребна. Потребно е Волмарт своите работници да ги плати сега, кога е јасно дека на општеството им се потребни“, истакнал тој.

Многумина се сложиле со него. Некои гледајќи ги фотографиите од бонусите заклучиле дека се понижувачки, а многумина поделиле срамни благодарници на други работодавачи.