(ВИДЕО) Грански синдикати при КСС излегуваат на протест
Револтот поради незголемување на платите и игнорирањето на барањата од страна на Владата ќе бидат повод Синдикатот за администрација, државна управа и правосудство, Синдикатот на стамбено – деловни, комунални и водостопански организации, Синдикатот за транспорт и врски, Синдикатот на работниците од енергетика, рударство и индустрија и Синдикатот на полицијата во Македонија да излезат на јавен протест на 30 март.
Претседателот на САДУ, Благоја Ралповски рече дека минималната плата од 18,000 денари треба да се исплати од овој месец, а платите не се усогласени согласно нејзиниот раст.
Во текот на прес – конференцијата, Ралповски рече дека не може преку иземена на Законот за административни службеници да се зголемат скалесто платите, бидејќи тоа е процедура.
Повеќе во видеото:

