Еве како треба да направите известување за повреда при работа
Време за читање 2 минути
Известување поради повреда при работа
Законот за безбедност и здравје при работа предвидува дека во случај на настанување на повреда на работното место, работодавачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да го извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа.
Ова се однесува на случај на настапување на смрт на вработен, колективна несреќа и повреди при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена, како и секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа.
Ваквото известување се испраќа до Државен инспекторат за труд и истото треба да содржи:
• Примач – Државен инспекторат за труд
• Наслов – Известување за несреќа на работа
• Назив на работодавачот
• Седиште на работодавачот
• Локација на работното место (продавница, магацин, кат, адреса)
• Лични податоци на повредениот (име, презиме, адреса, датум на раѓање, пол)
• Професија или работно место на повредената личност
• Колку време е вработен кај работодавачот
• Датум и час на случување на несреќата
• Опис на повредата не е третирана прва помош лекар (не е хоспитализиран) хоспитализиран
• Каде и како се случила несреќата
• Наод и мислење од лекар (боледување-рок)
• Дали е спроведена истрага (да/не)
• Дали е настаната значителна штета (да/не)
• Пополнето од испраќач (име, презиме, потпис и датум).
Ваквиот бланко образец на известување за пријава на настанување повреда при работа е достапен во електронска форма на страната на Министерство за труд и социјална политика.
Тимот на Јуридика
Latest posts by Портал Работник (see all)
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024
- Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти - 12/10/2024