- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Еве што според проф. д-р Лазар Јовевски треба да се смени во трудовиот систем

Каква реформа - Работник
222views

Трудовиот систем претставува збир на правила и прописи коишто се однесуваат на областа на трудот. Ова една од наједноставните дефиниции за трудовиот систем. Тој ги опфаќа работниците, работодавачите и државата коишто се чинители во истиот.

Владата најави дека ќе направи реформа на трудовиот систем преку носење на неколку закони, меѓу кои се и Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа коишто се едни од најважните за работодавачите и работниците, но дали е доволна само измена на законите или се потребни поинакви измени?

Advertisement

Порталот Работник побара став од проф. д-р Лазар Јовевски, експерт по трудово право за тоа каква реформа му е потребна на трудовиот систем. Јовевски издвои пет насоки за реформа на трудовиот систем.

Проф. Д-р Лазар Јовевски- Работник

Според него, потребно е системско уредување на флексибилните форми на вработување со акцент на работата од дома во Законот за работните односи, како и Законот за администратувните службеници.

Advertisement

„Ова значи конкретно нормирање што е работа дома, кој може да работи дома, условите за работа дома, инспекцискиот надзор, безбедноста и здравјето при работа дома со аспектот на препознавање на ризиците и што се смета за повреда при работа дома, работното време и начинот на проверка на работните задачи. До завршување на процесот на наромативно уредување на овие прашања итно е потребно да се донесат два вида на акти кај секој работодавач, а тоа е: посебен Правилник за вршење на работа од дома и Анекс на договорите за вработување на оние вработени кои моментално работат дома“, вели Јовевски. 

Јовевски истакна дека потребни се законски интервенции во системот на безбедност и здравје при работа со нов закон или најмалку со законски измени и дополнувања со цел: воспоставување на единствен систем на евиденција на повреди и професионални заболувања на работното место со постоење на единствен регистар; јакнење на превентивниот приод, наместо санација на повреди и болести; препознавање на Сарс-Ков 19 како ризик на работното место и негов соодветен третман преку здравствениот систем. Измени и дополнувања на подзаконските акти во однос на справување со нови професионални ризици во надлежност на МТСП.

Според него, во следниот период потребно е законската реформа да се движи во насока на зајакнување на улогата и влијанието на социјалните парнери при креирањето на одлуките и решенијата на сите нивоа на одлучување во трудово-правниот систем, сметајќи од национално ниво при креирање на законски и подзаконски акти, па до компаниско ниво преку вклучување на работниците во т.н. европски работнички совети.

„За таа цел потребни се законски измени во однос на правниот субјективитет на синдикатите на компаниско ниво, и давање на поголеми овлстувања на синдикалните организации при надзорот и контролата во делот на спроведување на БЗР системот и прекршување на правата од работен однос. Ова е потребно е да се постигне на два начина: преку законски мандати и преку системот на колективно договарање на сите нивоа“, вели Јовевски.

Професорот Јовевски смета дека под итно потребно е воведување на задолжителен обид за мирно решавање на работни спорови; укинување на Инцспекцискиот совет; целосно пренесување на системот на евиденција на синдикатите и организациите на работодавачи во Централниот регистар на РМ; воведување на задолжителен обид за колективно преговарање на компаниско ниво (ниво на работодавач) без обврска да се склучи колективен договор; измени и дополнувања на сите специјални закони поврзани со работните односи (трудова инспекција, мобинг, работнички совети, БЗР, и.т.н.).

Во рамките на социјалната политика, како што вели Јовевски, потребни се законски измени во однос на социјалната заштита со цел функционалност на системот на деинституализација, преиспитување на системот на Keys management со цел негова вистинска примена во пракса. Потребни се законски измени во Законот за Здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување во однос на вклучување на медицината на трудот во системот на препознавање и лекување на професионални болести како дел од актуалниот здравствен систем.

Бобан Илијевски

Advertisement