Европската Федерација на новинари ја поздравува измената на Кривичниот законик
Европската Федерација на новинари (EFJ) се приклучува кон Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во поздравувањето на измената во Кривичниот законик која предвидува напад врз новинар и медиумски работник во иднина да се третира како напад врз службено лице
Ја поздравуваме силната посветеност на владата на Северна Македонија и ги повикуваме членовите на парламентот да го усвојат овој закон. Ги охрабруваме и соседните земји да го следат овој пример и да покажат добра волја за подобрување на условите за работа на новинарите и слободата на медиумите, порача генералниот секретар на EFJ, Рикардо Гутиереш

