Градот Њујорк ќе плати 100 долари на секој кој ќе прими прва доза на вакцина
Њујорк од петок ќе започне да плаќа по 100 долари на секој кој во центарот за имунизација со кој управува градот ќе прими прва доза на вакцина, најавил градоначалникот Бил де Блазио.
Неговата најава доаѓа на само неколку дена откако соопштил дека Градот Њујорк од сите вработени во јавниот сектор, вклучувајќи ги наставниците и полицајците ќе побара да се вакцинираат против коронавирусот до средината на септември, пренесува Ен – Би – Си.
Се проценува дека би можеле да бидат опфатени околу 340,000 вработените во јавната администрација во Њујорк.
Во овој град дошло до голем пораст на нови случаи на заразени од коронавирусот, што се препишува на ширењето на делта сојот.
Според податоците на градскиот секретаријат за здравство, помеѓу жителите на Њујорк потполно се имунизирани 45 до 65 % од луѓето, во зависност од делот на градот.
Извор: Blic.rs

