Кога приватниот живот ви се распаѓа, а работата не може да чека: Како да се остане професионален?
Кога – тогаш, приватниот живот речиси на секој може да му се прелее во работата. Прекин на врската или развод, болест на родителите, семеен проблем, губење на блиска личност, финансиска криза или некој друг тежок настан можат да го отежнат секојдневното функционирање, дури и кога работните обврски не можат да чекаат.
Тоа не е нужно исклучок од „нормалниот“ професионален живот. На голем број вработени приватните околности директно им влијаат на работата. Тројца од четворица работници во САД имаат обврска да се грижат за други лица, а поголемиот дел од нив велат дека тоа влијае на нивната продуктивност. Истражувањето меѓу лицата кои поминуваат низ развод покажало дека девет од десет од нив забележале влијание врз начинот на кој ја извршуваат работата.
Сепак, во такви ситуации често се обидуваме да го направиме токму спротивното – да на работа изгледаме како ништо да не се случило.
„Само издржи“ не секогаш е добро решение
Психолозите оваа стратегија ја нарекуваат „surface acting“ – покажување на емоции кои всушност не ги чувствуваме. Тоа не е исто што и обидот навистина да го промениме своето расположение или начинот на кој ја доживуваме ситуацијата.
Истражувањата покажуваат дека постојаното глумење на емоции кои не ги чувствуваме може да биде поврзано со емоционалната исцрпеност, влошената благосостојба и послабиот работен учинок.
Причината е едноставна: одржувањето на привид дека се’ е во ред изискува енергија и концентрација. А кога веќе се соочуваме со приватна криза, такви ресурси имаме малку.
Затоа „однесувај се нормално додека не пројде“ можеби не е најефикасна стратегија.
1. Кажете онолку колку што е потребно
Известувањето на менаџерот за тоа дека поминувате низ тежок период не мора да значи дека ќе ги изложите сите детали од својот приватен живот.
Поената е личноста која ја организира вашата работа да знае доволно за да може да ги планира обврските, да ги прилагоди очекувањата или да пронајде замена ако е потребно.
Едно големо истражување покажало дека 73 % од луѓето кои се соочувале со проблеми со ментално здравје на работа, го известиле менаџерот за тоа, додека 88 % од нив таквото искуство го оцениле како позитивно. Најчест исход било добивањето поддршка од страна на менаџерот.
Друго истражување покажало дека позитивните искуства по разговорот со надредениот биле повразни со поголема способност за работа, поголема желба да се остане во компанијата и помало чувство на стигма.
Тоа, сепак, не значи дека морате на сите на работа да им кажете што ви се случува. Важно е да се процени кому тие информации му се навистина потребни и колку е доволно да знаат.
2. Пронајдете начин кој ви одговара
Не постои еден исправен начин да се носиме со приватната криза во текот на работното време.
На некои работата им пружа чувство на рутина и нормалност, па можат јасно да ја одвојат од приватниот живот. На други им е тешко да повлечат таква граница и повеќе им одговара да бидат поотворени кон она што им се случува.
Истражувањата за границите помеѓу работата и приватниот живот покажуваат дека различни луѓе имаат различни начини на функционирање. Поважно е начинот кој ќе го изберете да ви одговара вам отколку да се обидувате да следите универзален совет за продуктивност.
Тоа може да значи исклучување на камерата во текот на состанокот кога ви е потребно да земете здив, да одите на кратка прошетка пред изискувачки разговор, да одредите јасно време на почетокот и крајот на работниот ден или да имате однапред подготвена реченица со која ќе го прекинете разговорот кога темата ќе стане премногу лична.
3. Немојте да се обидувате се’ да носите сами
Поддршката на работа не мора да биде само прашање на добра волја од поединци. Организациите и менаџерите можат да создадат опкружување во кое на вработените им е полесно да кажат дека поминуваат низ тежок период.
Истражувањата за сочувство на работното место покажуваат дека организациите можат да развијат способност да препознаат кога вработените се соочуваат со проблеми, да одговорат на тоа и да се прилагодат на нивните потреби.
Тоа може да подразбира пофлексибилно работно време, отворен разговор со менаџерот или привремена прераспределба на обврските.
Сепак, постои и расчекор помеѓу вработените и работодавачите. Повеќе од 80 % од вработените со обврски да се грижат за други велат дека тоа влијае на нивната продуктивност, додека само околу четвртина од работодавачите сметаат дека таквите обврски влијаат на работниот учинок.
Кога вработениот ќе каже дека поминува низ тежок период, тоа не треба да биде само прашање за Човечките ресурси. Начинот на кој менаџерот и организацијата реагираат можат да покажат колку навистина стојат зад вредностите кои ги промовираат.
Кризата не трае засекогаш
Во текот на акутната фаза на приватната криза работениот учинок може да биде послаб, но тоа не значи дека таквата состојба ќе трае. Истражувањето кое ги следело луѓето во текот на разводите покажало дека оние кои тогаш се наоѓале сред процесот пријавувале полошо расположение, послаб учинок и полошо здравје во однос на луѓето кои неодамна се развеле, оние кои се развеле пред неколку години или оние кои никогаш не поминале низ развод.
Тие показатели се подобрувале по завршувањето на процесот.
Речиси четири од десет испитанции кои поминивале низ развод подоцна дури и рекле дека тоа искуство имало позитивно влијание на нивната работа, наведувајќи поголема сосредотеченост и енергија по поминувањето на периодот на нестабилност.
Тоа не значи дека приватната криза е добра за кариерата. Покажува само дека периодот во кој ни е најтешко не мора да биде наша трајна состојба.
Професионалноста не значи сокривање на емоциите
Кога приватниот живот се распаѓа, професионалноста не мора да значи дека треба да глумиме дека ништо не се случило.
Многу поодржлив пристап може да биде внимателно да процениме кому е потребно да кажеме што се случува, да пронајдеме начин на работење кој одговара на нашата ситуација и да прифатиме помош кога ќе ни биде потребна.
Тоа не секогаш е лесно. Отвореноста изискува доверба и може да направи да се чувствуваме ранливо.
Но кога приватната криза веќе троши голем дел од нашата енергија, обидот на работа да ја одржиме совршената слика дека се’ е во ред може да претставува дополнителен товар. Понекогаш е попрофесионално јасно да се искомуницираат своите можности и ограничувања отколку да ги сокриваме.
Извор: BIZLife.rs

