Прогласени најдобрите градови за живот, Европа доминира: овој град е убедливо пред Виена и Мелбурн
Според годишната листа која ја објавил истражувачкиот тим на списанието „Economist“, Копенхаген втора година по ред е прогласен за град со најдобар квалитет на живот во светот.
На листата, која опфатила 173 градови ширум светот, главниот град на Данска го задржал првото место пред Виена, којa претходно три години по ред билa рангиран како најдобар град за живот.
EIU градовите ги оценувал според повеќе критериуми, меѓу кои се стабилноста, образованието, здравствената заштита, инфраструктурата, културата и животната средина. Копенхаген остварил максимален број на поени во категориите стабилност, инфраструктура и образование.
Претставниците на EIU навеле дека данската престолнина ја задржала водечката позиција благодарение на комбинацијата на високото ниво на безбедност, развиената инфраструктура, богатите културни понуди, квалитетната животна средина и високото ниво на јавните услуги.
На трето место се наоѓа Мелбурн, кој напредувал за една позиција во однос на минатата година, додека Сиднеј од шесто се качил на четврто место.
Цирих паднал на петто место, а Женева е шеста. Осака ја задржала седмата позиција, Аделејд е осми, Ванкувер деветти, додека Токио го зазеле 10-тото место.
Ванкувер е единствениот град во Северна Америка кој се нашол меѓу 10-те најдобро рангирани градови. Меѓу американските градови, Хонолулу и понатаму е најдобро пласиран и го зазема 25-тото место, и покрај падот за две позиции.
Њујорк напредувал за три места и сега е на 66-тото место. Ова се должи на на подобрувањето на безбедносната ситуација, односно падот на стапката на криминал и намалувањето на можноста од терористички напади. Британија ги поправила резултатите по минатогодишниот пад предзвикан од нередите и општествените немири.
Европа останала регион со највисок просечен индекс на квалитет на живот
Манчестер е најдобро рангиран британски град и се наоѓа на 52-то место, пред Лондон, кој е 54, и Единбург на 64-тото место. Западна Европа останала регион со највисок просечен индекс на квалитетот на живот, иако нејзиниот просечен резултат благо опаднал во однос на минатата година.
Азија, од друга страна, забележала раст на просечната оценка, пред сѐ благодарение на унапредувањето на здравствената заштита, особено во кинеските градови.
Градот Фуџоу на југоистокот на Кина напредувал за седум места и ја зазел 93-тата позиција, откако EIU ги зголемил оценките на здравствениот систем за кинеските градови поради поголемите вложувања на државата и унапредување на системот за здравствена заштита, вклучувајќи го воведувањето на долгорочното осигурување за нега.
Последиците од војната со Иран се одразиле на градовите во регионот на Персискиот залив
Последиците од војната со Иран се одразиле на градовите во регионот на Персискиот залив, кои забележале пад на оценките во категоријата стабилност. Најголем пад меѓу нив забележале Мускат, кој паднал за 14 места на 123-та позиција и Кувајт сити, кој назадувал за 12 места и сега е 105-ти.
На дното на листата и натаму се наоѓа Дамаск како град со најлоши услови за живот на светот, Техеран поради војната паднал на 164-тото место, додека Киев ја зазел 166-тата позиција.
Директорката за индустриски истражувања во EIU, Ана Николс оценила дека глобалниот просечен индекс на квалитетот на живот останал непроменет во однос на претходната година, бидејќи падот на стабилноста на Блискиот исток и подобрувањето на здравствената заштита во Азија меѓусебно го неутрализирале влијанието на вкупните резултати.
Извор: Blic.rs

