Една од пет германски компании во програмата за намален работен ден
Уделот на германските компании кои користат краткорочно работно време остана стабилен на 17,9 отсто во февруари, во споредба со сезонски прилагодените 16,9 отсто во ноември минатата година, покажа истражувањето на минхенскиот институт за економски истражувања Ифо. Компаниите не ја сметаат моменталната состојба за привремена. „Индустријата реагира на тековното економско забавување со намалување на работното време и елиминирање на работните места. Сепак, главниот фокус е на кратењето на работните места, што покажува дека компаниите не ја сметаат сегашната ситуација само за привремена криза“, објави Себастијан Линк, истражувач во Ифо.
Во наредните месеци 25,4 отсто од индустриските компании очекуваат да ја користат мерката субвенционирано намалено работно време во нивните компании. Во ноември минатата година ова учество, според сезонски прилагодените податоци, изнесуваше 24,4 отсто. Најголем дел од компаниите вклучени во намаленото работно време има во производството и преработката на метали (40 отсто), потоа автомобилската индустрија (27 отсто) и производителите на мебел, инженеринг и електрична опрема (сите 25 отсто), објави Ифо, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.