Економско-социјалниот совет од денес почнува расправа за законот за плати
Нема ништо добро во предлог-законот за плати, па затоа сите синдикати од јавниот сектор заеднички преку декларација ќе побараме тој во целост да се повлече, вели за Канал 5 претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски. Според него мора да има друго соодветно законско решение што нема да ги „укинува“ синдикатите и ќе овозможи раст на платите со кои ќе може да се преживее во Македонија, особено во време на инфлација.
-Ние како синдикати од јавниот сектор на иницијатива на Синдикатот на Клинички направивме и тркалезна маса во врска за овој закон. Таму говоревме речиси сите Синдикати од јавниот сектор, па наредната недела ќе објавиме декларација што таму ја договоривме, дека не се согласуваме со предлог текстот на законот и дека бараме веднаш да биде повлечен.Многу е лоша математиката што ја направи владата, оти тие мислат дека со воведување на минималната, како дел од основната плата, сите плати во јавниот сектор ќе се усогласуваат само со пораст на минималната, што е многу лошо решение.–Трпе Деаноски – Претседателот на Синдикат на УПОЗ.
Повеќе на Канал 5
- Како македонските шивачки го одржуваат занаетот? - 25/03/2025
- Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето - 25/03/2025
- Нови цени на горивата - 24/03/2025