- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Еуромакс ресоурцес апелира до политичарите да не ја користат во меѓупартиски пресметки и манипулации

Еуромакс ресоурцес - Работник
276views

Еуромакс ресоурцес како директна странска инвестиција апелира до
политичарите да не ја користат во меѓупартиски пресметки и манипулации со
полувистини и шпекулации, бидејќи проектот Иловица-Штука може да има силен
импакт врз националната економија. Станува збор за инвестиција, чија
реализација може веднаш да започне, а значајно ќе помогне за брзо
заздравување на македонската економија по штетата што ја предизвика
пандемијата со КОВИД – 19.

Еуромакс ресоурцес како директна странска инвестиција апелира до
политичарите да не ја користат во меѓупартиски пресметки и манипулации со
полувистини и шпекулации, бидејќи проектот Иловица-Штука може да има силен
импакт врз националната економија. Станува збор за инвестиција, чија
реализација може веднаш да започне, а значајно ќе помогне за брзо
заздравување на македонската економија по штетата што ја предизвика
пандемијата со КОВИД – 19. Проектната компанија за развој и управување со рударскиот комплекс Иловица
– Штука, Еуромакс Ресоурцес Македонија е во 100 процентна сопственост на
Еуромакс Ресоурцес Лимитед, мајката компанија која е регистрирана во
Ванкувер во Канада и котира на престижната Берза за хартии од вредност во
Торонто.

За д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во
Еуромакс Ресоурцес, компанијата има обврска кон своите инвеститори, како и
кон акционерите на Берзата во Торонто транспарентно да ги објавува сите
информации поврзани со финансиското работење на компанијата, како и
нејзините акционери.

„Компанијата Еуромакс Ресоурецс Лимитед има диверзифициран меѓународен
акционерски капитал што доаѓа од компании од земјите како Канада, САД,
Англија, Швајцарија и земји од ЕУ. Сите овие инвеститори го стекнуваат
својот удел во компанијата преку финансирање во проектот и очекувањата на
сите се дека ова ќе биде проект од светска класа. Односно рудник што ќе
биде управуван, организиран и со производство по највисоките стандарди за
заштита на животната средина, социјалите аспекти и секако со примена на
сите најнови технологии на рударството на 21 век“, изјави д-р Живко
Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс
Ресоурцес.

Водечки инвеститор во акционерската структура е групацијата Трафигура, која
својот удел го реализира преку својата финансиска институција Галена Асетс
Менаџмент од Женева, Швајцарија и нејзината ќерка фирма Галена Рисоурс
Еквитис ЛТД, каде како партнер – инвеститор се јавува и Геотецхмин од
Бугарија. Индустриската групација Геотецхмин е една од најголемите
инвестициски и производствени компании во Бугарија со водечка улога во
рударството, градежништвото, енергетскиот сектор и заштита на животната
средина.

Трафигура е една од најголемите светски компании за трговија, дистрибуција
и логистика со енергија, нафтени производи, метали и со минерали. Трафигура
мајнинг груп специјализирано се занимава со развивање и управување на
рударски комплекси во целиот свет, и во моментов управуваат со над 20
рудници.

„Илустрација за големината на Трафигура е дека во 2018 година, според
официјалните податоци, остварила приходот над 190 милијарди долари. Други
значајни инвеститори се Европската банка за обнова и развој, која е
поединечно најголемиот институционален инвеститор во РСМ и американската
корпорација Ројал Голд, еден од светските лидери во инвестирање и
управување со производство и трговија на скапоцени минерали и метали. Овие
акционери, односно инвеститори препознаа вредност во проектот, иднина во
овој долгорочен капитален проект во Република С. Македонија. Тие искажуваат
верба во менаџментот на Еуромакс Ресоурцес и веруваат дека, и покрај
застоите, нашата држава е земја во која вреди да се инвестира и која може
да реализира ваков голем инвестициски проект“, изјави д-р Груевски.

Еуромакс Ресоурцес со реализација на проектот Иловица – Штука во првите две
години од изградбата ќе вработи околу 1.000 лица, а потоа во периодот на
работа на рудникот ќе вработи 500 лица. Преку соработници и снабдувачи ќе
се ангажираат дополнителни 2.700 лица. Досега во Проектот се инвестирани
повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу
340 милиони евра. Инвестицискиот проект се очекува да придонесе за
зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и да се
квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Северна
Македонија.