Живко Мукаетов меѓу највлијателните лидери во регионот
Генералниот директор и претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медиумска мрежа Bloomberg Adria.
Листата ТОП 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина. Изборот беше направен во вкупно пет категории – компанија, бизнисмен, визија, идеја и влијание – од локалните редакции на Bloomberg Adria. Клучен критериум за номинациите беа постигнувањата на поединците, визионерите и на компаниите, чии достигнувања и идеи ја обележаа 2024 година, како и нивното потенцијално влијание во годините што следуваат.
Ова е уште едно признание за успешното работење на компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, која со својата посветеност за одржлив развој, општествено одговорно однесување, иновации и поставување нови стандарди продолжува цврсто да го трасира патот кон глобален раст и визија за создавање одржлива иднина.
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025