Заболена докторка од болницата во Кочани
Интернист од кочанската болница е првиот случај на здравствен работник заразен со Ковид 19 во оваа здравствена институција. Се заразила во контакт со пациент позитивен на вирусот. На препорака на епидемилозите во изолација одат и нејзина колешка од интерно, хирург и анестезиолог со кои имала контакт минатите денови.
Одлука на епидемиолозите е да не се тестираат сите вработени како во случајот со детското одделение откако имаа контакт со четримесечно бебе позитивно на вирусот.
Повеќе прочитајте на 24вести.мк

