- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Заев: Угостителите ќе добијат директна поддршка

Заев: За четири години - Работник
384views

Сите економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени, ќе бидат опфатени со нови мерки. Впрочем и денеска имаме позитивна прес – конференција за да ја кажеме стабилноста на буџетот. За нас во Владата секое вбризгување на пари за помош на стопанството и работниците, на нивната ликвидност и потрошувачката ни враќа пари во буџетот, рече Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес – конференција на која беше презентиран збирниот ефект од четирите пакет мерки.

„Ние постоиме како држава за да помогнеме. Предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите три месеци, годинава, во форма на директна помош. Во моментот, приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните. За сите настанати штети во економијата, државата, секако, ќе излезе во пресрет“, рече Заев.

Тој посочи дека како и во вонредната состојба, оние угостителски објекти кои вршат достава, можат истото да го прават и по полицискиот час, со соодветни дозволи за движење, нагласувајќи дека во текот на денот можат да продаваат храна и пијалаци од шалтер, take away или to go, без послужување во самите локали. Потенцираше дека ова, на некои од угостителските објекти, ќе им овозможи делумно да работат. 

Бобан Илијевски