Законот за заштита и безбедност при работа не го дава посакуваниoт резултат
Македонија е земја на небезбедни работни места. Законот за заштитита и безбедност при работа и по 12 години го нема дадено посакуваниот резултат, бидејќи бројот на смртни случаи од година во година е поголем. Непходно е ново законско решение, подигнување на свеста и социјален дијалог апелираа учесниците на регионален форум за безбедност и здравје при работа.
„Македонија не е безбедно место за да се работи, сѐ уште е земја каде што работното место е предмет на поткусурување, предмет на договарање и предмет на правење компромиси таму каде што нетреба да се прават. Ако забележите просечно еден неделно ни гине на работно место, а во исто време не зборувам на професионално заболените луѓе“, рече Милан Петковски- Претседател на здружение за заштита при работа.
Според организацијата на работодавачи секое носење на законско решение без негова вистинска имплементација нема да даде резултат во оваа област, објави АлсатМ.

