НовостиСветСиндикат

Затворени илјадници аптеки

   Време за читање 1 минута

Вработените во аптеките ширум Холандија вчера стапиле во дводневен штрајк на повик на синдикатите ФНВ и ЦВН, барајќи ретроактивно и идно зголемување на платите откако пропаднале преговорите за новиот колективен договор.

Илјадници аптеки се затворени, а пациентите во Холандија се соочиле и со дополнителни непријатности бидејќи многу од аптеките не работат за време на викенд, пренесе НЛ тајмс.

Штрајкот не влијае на посебните аптеки кои се достапни за итни случаи и работат вон стандардното работно време, но пациентите во секој случај ќе мораат да платат и до 85 евра повеќе по лек ако рецептот не е покриен со основен пакет на здравствено осигурување.

Работниците сакаат минимално зголемување на платите од шест проценти ретроактивно од 1 јули 2024 и минимална плата од 16 евра на час, како и надоместок за севкупното работно време кое го поминуваат во аптека, вклучувајќи ја и подготовката пред работното време.

Работодавачите тврдат дека е невозможно да се исполнат барањата на работниците поради исплатата на здравственото осигурување и владините политики, така што на аптекарите им понудиле ретроактивно зголемување на платите од два проценти од 1 јули 2024 и пет проценти од 1 јули 2025 година.

Синдикатите првобитно планирале да стапат во штрајк во очи на Божиќ по Грегоријанскиот календар и да ја прекинат работат на дури девет дена, вклучувајќи ги и викендите.

Холандскиот суд, меѓутоа, нагло го блокирал девет дневниот штрајк бидејќи сметал дека би можел да ги доведе пациентите во опасност.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Tyler Olson