Немаш платено алиментација, ти го земаат пасошот: Новото правило во оваа држава ги шокирало мажите!
Американскиот Стејт департмент објавил дека ќе започне да им ги одзема пасошите на граѓаните на САД кои должат поголеми износи на алиментација за деца.
Од Стејт департментот навеле дека мерката би можела да ги погоди родителите кои должат повеќе од 2,500 долари алиментација, при што фокусот ќе биде на лица со значајни неподимерни долгови. Министерството тврди дека користи разумни алатки за поддршка на американските семејства и зајакнување на почитувањето на американските закони, како и дека станува збор за исполнување на правните и моралните обврски на родителите кон децата.
Граѓаните кои имаат вакви долгови се советуваат да договорат отплата со надлежните државни агенции за да го избегнат одземањето на пасошот. Кога пасошот ќе биде одземен, повеќе нема да може да се користи за патувања. Лицата на кои ќе им биде одземен пасошот нема да можат да добијат нови документи додека не го подмират долгот за алиментација, порачал Стејт департментот.
Мерката е овозможена со сојузниот закон од 1996 година, но досега ретко се применувала.
„Оваа мерка ја поддржува благосостојбата на американските деца низ реални последици за неплаќање на алиментација, во согласност со постоечкиот сојузен закон“, соопштило министерството.
Досега оваа пракса во главно се применувала само кога лицата со долгови би се обиделе да го обноват пасошот. Според новата политика, Стејт департментот ќе соработува со американското Министерство за здравство и социјална заштита, за да ги идентификува лицата со неподмирени долгови и да ги отповика нивните пасоши.
Министерството не објавило кога мерката официјално ќе стапи во сила, но агенцијата Associated Press пишува дека примената би можела да започне веднаш.
Граѓаните на кои ќе им биде одземен пасошот додека се наоѓаат надвор од САД ќе мораат да одат во американската амбасада или конзулат, за да добијат итен патен документ кој ќе им овозможи враќање во земјата, наведува AP.
Извор: Telegraf Biznis

