МакедонијаПравдаСветот на работникот

Зафировски од МОРО: Додека не се донесе закон за најмала гарантирана исплатена саатнина, не сме ни приближно блиску до европските држави

Зафировски од МОРО: Додека не се донесе закон - Работник
151views

Нашата основна цел е правата и стандардот на работникот. Сведоци сме дека во последните 30 години системот што го изградија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доведе до едно пропаѓање на стандардот и вредноста на животот на работникот кој од ’90-та наваму е намален за 1.200%, рече Горан Зафировски, претседател на МОРО – Работничка партија за „Слободна ТВ“.

Според него, таоа е затоа што во нашиот систем немаше претставник кој ќе го заштити работникот, работното место, фабриките. Се случи страшна криминална приватизација, уништување на профитабилни фирми.

Тој посочи дека за да се влезе во една пазарна економија потребно е да се донесе закон за најмала гарантирана исплатена саатнина.

„Саатнината е основно мерило на трудот на работникот во сите демократски држави, додека не се донесе таков закон, не сме ни приближно блиску до европските држави“, рече Зафировски.