Јапонија до 2040 ќе воведе 10 милиони роботи: „Испомош“ во индустријата и здравството
Јапонската влада ја претставила ревидираната стратегија за развој на роботика според која до 2040 година во земјата би требало да бидат распоредени околу 10 милиони роботи на различни функции, првенствено поради недостигот на работна сила во земјата.
Министерот за економија, трговија и индустрија Ројсеи Аказава соопштил дека стратегијата е проширена на 18 области, пренесува порталот „techradar“.
Покрај традиционалната примена на роботи во индустријата, стратегијата по првпат е проширена и на здравствената нега и производството на храна и пијалаци.
Владата во Токио планира да воспостави национален центар за развој на роботика базирана на вештачка интелигенција, кој ќе координира истражувања, развој, обука на кадрите и поширока примена на роботи во економијата.
Во средиштето се наоѓа Ноетра, јапонски мултумодален ВИ модел наменет за управување на роботите.
Конзорциумот кој ја развива Ноетра го предводат компаниите Софтбанк, Сони и Хонда, додека Фуџицу и Ракутен би можеле да се приклучат на проектот.
Јапонските власти сметаат дека податоците прибрани во текот на долгогодишната примена на робитите во домовите за стари лица, производните погони, спасувачките операции и санација на нуклеарната електрана Фукушима ќе претставуваат клучна конкурентска предност на земјата.
Според министерот Аказава, идната конкуренција во областа на вештачката интелигенција нема да се базира само на компјутерска сила, туку и на количината и квалитетот на достапни податоци за обука на ВИ системите.
Стратегијата предвидува технологијата развиена преку Ноетра да им биде достапна на јапонските компании и истражувачите, за да ги развиваат роботите за различни индустрии и подоцна да ги пласираат и на странски пазари.
Јапонија истовремено сака развојот на ВИ и роботика да го поттикне и вон Токио, за технолошкиот развој порамномерно да се рашири во другите делови од земјата.
Главната причина за вака амбициозен план е стареењето на населението во Јапонија и долгогодишниот недостиг на работна сила во земјата, кој е дополнително засилен со зајакнатата рестриктивна миграциска политика, наведува „techradar“.
Јапонските власти оценуваат дека роботите нема да ги заменат постојаните вработени, туку ќе ги пополнуваат работните места за кои нема доволно работници.
Извор: b92.net

