ЕкономијаМакедонијаНовости

За исплата на пензии годинава ќе бидат потрошени над 900 милиони евра

За исплата на пензии - Работник
73views

За исплата на пензии годинава ќе бидат потрошени над 900 милиони евра, а следната година се планирани над една милијарда евра.

На крајот на минатата година во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување има регистрирани околу 324 илјади корисници на пензии. Според статистичките податоци во просек секоја година бројот на пензионери се зголемува за околу 5.000.

Со задолжителното пензионирање на 64 години, би требало да се намали буџетскиот трошок за плати и придонеси, но ќе се зголемат средства потребни во пензискиот фонд за исплата на пензии. Важно прашање е дали овие испразнети места ќе бидат заменети со нови вработувања? Во тој случај ќе се зголемат и трошоците за покривање на новите пензии во ПИОМ, но ќе има и нови трошоци за плати.

За исплата на пензии годинава ќе бидат потрошени над 900 милиони евра, а следната година се планирани над една милијарда евра. И покрај стабилизацијата за редовна исплата на пензии Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување дополнително се субвенционира од Буџетот.

Вкупните приходи на Фондот минатата година изнесувале 75.915,53 милиони денари, или околу 1 милијарда и 250 милиони евра. Од нив изворни приходи (придонес од плата, бенефициран стаж, придонес од физички лица кои самостојно вршат дејност и вработените кај нив, придонес од индивидуални земјоделци и Агенцијата за вработување) се 41.927,10 милиони денари, или околу 680 милиони евра. Од Буџетот Фондот лани добил 29.098,22 милиони денари или околу 500 милиони евра. Фондот имал и приходи од 39,02 милион денари од дивиденда и продажба на акции и удели и 4.472,58 милиони денари од други приходи, а 1.378,61 милион денари од акцизи.

Расходите за исплата на пензии во 2019 година изнесуваат 56.318,10 милиони денари, или 77,02 отсто во однос на вкупните расходи што изнесува нешто околу 900 милиони евра. За придонесот за здравствено осигурување на корисниците на пензија во 2019 година се исплатени средства во износ од 7.437,42 милиони денари, или 10,17 отсто во однос на вкупните расходи. Трансферот на средства за приватните пензиски фондови во 2019 година изнесува 8.861,58 милиони денари.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика стапка на невработеност од 16,7 отсто е евидентирана во вториот квартал од оваа година. Според објавените податоци бројот на невработени во овој квартал изнесува 159 623, додека бројот на вработени 793 416. Во земјата има 953 039 активни граѓани.

Извор: Лидер

Advertisement