- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

За утре закажана средба на Министерот Филипче со здруженијата на пациенти Текст

За утре закажана средба - Работник
200views

Министерството за здравство информира дека утре претпладне, Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче ќе оствари средба со здруженијата на пациенти Борка, Живот со предизвици, Национално здружение за МС, Здружение за  ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар, Пеперутка и Алијанса на Пациентски Организации – АПО.

На средбата е предвидено да се разговара за предлозите кои ги имаат овие здруженија во врска со препораката на Комисијата на заразни болести за враќање на дел од хронично болните на работа, а во интерес на подобро услогласување на критериумите под кои ќе се спроведува одлуката. 

Advertisement

Пред два дена министерот Филипче го образложи и аргументираше предлогот на Комисијата согласно кој пациентите коишто имаат дијагноза хронична болест и оние коишто имаат малигни болести треба да се вратат на своите работни места. Тој нагласи дека ова нема да важи за оние пациенти кај коишто лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба на влошување во рамките на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман, а претставува и дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Воедно, Филипче информираше дека соодветната проценка за здравствената состојба на пациентот треба да ја направат лекарите специјалисти, врз основа на нивната стручност и експертиза. 

Средбите со здруженијата на пациенти се вообичаена  пракса на министерот Филипче, бидејќи овие здруженија се во постојан контакт со пациентите на терен, а истите се во насока на подбра координација. Министерството за здравство останува целосно отворено за сите конструктивни сугестии. За заклучоците од средбата, министерството ќе информира по завршување на состанокот.

Advertisement
Advertisement

Advertisement