ЕкономијаМакедонијаНовости

Зголемен минималец, намалени социјални придонеси – реалност или лажна надеж?!

   Време за читање 1 минута

Да се намалат придонесите, а на сметка на тоа да се зголемат платите, или минималец од 500 евра, но намалени социјални придонеси, ваков е предлогот на Стопанската комора на Северозападна Македонија. 

Од Организацијата на работодавачи велат дека ова е убава идеја, но од таму посочуваат дека државата во овој момент тешко да прифати вакво решение, со оглед на состојбата во која се наоѓа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

Од Владата пак велат дека сè она за што ќе се договорат Синдикатите и работодавачите, но и сите засегнати страни ќе биде поддржано од нивна страна и испорачано. 

– Доколку засегнатите страни се договорат тогаш Министерството за финансии ќе направи темелна анализа за тоа во каква кондиција е Буџетот и дали ќе бидеме во можност сето тоа да го направиме и веруваме дека врз основа на сите тие анализи и дискусии ќе се најде најдоброто решение. Како Влада ќе испорачуваме сè што ќе биде во согласност со барањата на сите засегнати страни. – Влада.

Инаку, за овој предлог ќе се дискутира на следната средба на Економско-социјалниот совет, која треба да се одржи кон крајот на месецот.

Извор: ТВ24