ПравдаСветот на работникот

Зголемување на нееднаквостите како резултат на разликите на платите

Зголемување на нееднаквостите како резултат на разликите на платите
Нееднаквоста помеѓу работниците е несразмерно поттикната од големите разлики во платите на вработените меѓу различни фирми. Иако работната сила во фирмите е сè похомогена, платите на работниците на иста или слична позиција сè повеќе се разликуваат во зависност од профитабилноста на фирмата.
Разликите во висината на платите помеѓу работниците, во зависност од нивните вештини и работни ангажмани, веројатно повеќе ќе се зголемува со текот на времето. Зголемениот број на варијации во работното време, исто така, доведува до проширување на разликите во заработката. Побарувачката и понудата на вештини варираат со текот на времето додека технолошките иновации ја зголемуваат побарувачката побрзо од понудата.
Нееднаквоста во платите генерално има тенденција да се зголемува во секторите кои најмногу доживуваат технолошки промени, а исто така и трговијата е поврзана со зголемената нееднаквост во платите и во и помеѓу фирмите. Во услови на економска несигурност, овој јаз ќе стане поизразен, особено во фирмите кои преживуваат со „минималец“.
Тимот на Јуридика