Здружението на медицински сестри бара поголеми плати за сестрите со средно
Поголеми плати за сестрите со средно бараат здруженијата на медицински сестри за да не се изедначат спроред примањата со хигиеничарките и останатиот помошен кадар во здравството. За ова веќе разговарале со репрезентативните синдикати и очекуваат позитивен исход од преговорите со властите. Сестрите ќе настојуваат соодносот на личните доходи со лекарите да биде 1 спрема 2, наспроти сегашните дури 1 – 5 со додатоците на специјалистите.
– Очекуваме зголемување на платите на медицинските сестри за 2.500 до 3000 денари, а тоа ќе го отвори и прашањето и за останатите сестри со повисоко образование, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на здружението “ЗА НАС”.
Здруженијата на медицински сестри инститираат за што поскоро носење на закон за сестринство кој треба да го заштити ово дефицитарен кадар. Речиси во сите здравствени установи недостигаат половина од потребниот број сестри.
– Сестрите не заминуваат само поради малите приходи, туку и поради несигурноста и не се задоволни од општествениот статус, рече Бешлиовска.
Инаку здружението “За нас” влегува во Европската асоцијација на сестринство кое се занимава со историјат и сестрите од Македонија ќе можат да конкурираат за највисоката награда Флоренс Најтингел.
Извор: Сител
- Наполнила 65 години, родила пет деца, но останала без пензија: Хрватскиот закон не ја признава грижата за деца како работен стаж - 12/06/2025
- И со плата од 2 милиони долари Мета нe може да ги задржи ВИ талентите - 12/06/2025
- Берлин на пат да го престигне Минхен: Германската престолнина се издигнува како нов економски центар - 12/06/2025