Зибери: Намален бројот на Македонци, зголемен бројот на Албанци во јавниот сектор

„Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници се застапени со речиси идентичен процент на вработени како и изминатите години, што значи дека институциите не ги почитуваат во целост препораките на Народниот правобранител, а со тоа и не ги спроведуваат одобрените годишни планови за вработување во кои е изразена етничката застапеност и спроведување на уставното начело на соодветна и правична застапеност“, изјави омбудсманот Насер Зибери, презентирајќи го Извештајот за следењето на примената на начелото за соодветна и правична застапеност на вработените во јавниот сектор за 2021 година.

Извештајот за 2021 година во целина покажувал дека имало одреден напредок  во спроведување на начелото за соодветна и правична застапеност. Така што од 2007 година до 2021 година, можело да се увиди дека „застапеноста на Македонците во јавниот сектор од 83,72% во 2007 година, во 2021 година е на 72,8%, што е збирно намалување за 10,92%, додека застапеноста на Албанците во јавниот сектор од 10,8% во 2007 година, сега е 20,6%, што претставува зголемување од 9,8%“.