Едноставните онлајн работи исчезнуваат, што ги чека Македонците кои заработуваат преку интернет?
Препишување текст, транскрипција на аудио, внесување податоци, едноставни преводи, пишување кратки описи и основна обработка на фотографии со години беа меѓу најдостапните начини за заработка преку интернет. Вештачката интелигенција сега брзо го менува токму овој дел од пазарот, а тоа е особено важно за Македонија, каде голем број луѓе со години заработуваат преку онлајн платформи и работа за странски клиенти.
Според регионалните податоци на Гигметар, Македонија е меѓу земјите со најголем број онлајн фриленсери во однос на населението. Во едно од последните мерења земјата имала околу 239 онлајн работници на 100.000 жители, повеќе од Србија, Албанија и Црна Гора. Токму затоа промените што сега се случуваат на глобалниот пазар можат директно да засегнат значителен број луѓе и кај нас.
Повеќе тука

