- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Знае ли Безос како е на Земјата: Сопственикот на Амазон лета во вселената, а неговите вработени работат по 14 часа

Знае ли Безос - Работник
685views

Џеф Безос после краткото патување во вселената им се заблагодарил на своите вработени и клиенти за тоа што го финансирале неговиот лет.

Со оваа изјава тој повеќе ја налутил јавноста која и претходно го осудувала поради оваа авантура.

„Сакам да му се заблагодарам на секој вработен и клиент на Амазон, бидејќи вие ми го плативте ова“, рекол Безос, најбогатиот човек во светот, после враќањето на Земјата, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Основачот на „Амазон“, најголемата светска онлајн продавница, во вторникот со уште тројца патници отишол на единаесет минутен лет на границата со космосот. Безос ова го претставил како научно достигнување и почетокот на ерата на вселенскиот туризам, со кој ќе се бави неговата друга компанија „Блу Ориџин“. Сепак, за дел од јавноста тој е распашан милијардер кој потрошил 5,5 милијарди долари на авантурата во вселената, додека дел од неговите вработени на Земјата се уште немаат право на синдикат или на пауза за во тоалет. Прогресивните политичари го напаѓаат најмоќниот човек на светот и поради тоа што неговата компанија неколку години не плаќала федерален данок, пишува Политика.

„Заборави да им се заблагодари на сите Американци кои вредно работат и ги плаќаат даноците, за да може оваа земја да функционира, додека ‘Амазон’ и тој не платија ништо“, напишала на Твитер демократската сенаторка Елизабет Ворен.

„Овде на Земјата, во најмоќната држава на светот, половина од граѓаните живеат од плата до плата, едвај се прехрануваат и тешко може да дојдат до лекување, но еј, најбогатите луѓе на светот се во космосот. Да, мислам дека е време милијардерите да започнат да плаќаат даноци“, рекол левичарскиот сенатор Берни Сандерс.

Само на една недела пред Безос, во космосот отпатувал британскиот милијардер Ричард Брансон кој исто така започнал бизнис со космички туризам. Тие се основоположници во бизнис кој на клиентите им нуди кратко излегување од атмосферата и околу три минути бестежинска состојба, услуга која ќе биде достапна само за милионерите.

„Амазон“ е познат по ниските плата за вработените во складиштата, за кои се пишувало дека не можат синдикално да се организираат и дека често работат и по 14 часа дневно, како и дека поради тоа што имаат толку работа, не можат да одат во тоалет.

„Точно е, работниците на ‘Амазон’ платија за ова, бидејќи имаат мали плати, немаат синдикати, работат во нехумани услови, а доставувачите немале здравствено осигурување во текот на пандемијата“, рекла демократската претставничка во Конгресот Александрија Окасио Кортез која го претставува крајното лево крило на Демократската партија.

„Њу Шепард“ бил лансиран од Тексас. Капсулата со патниците се одвоила од ракетата на висина од околу 76 километри и сама продолжила на висина од околу 106 километри. За граница помеѓу атмосферата и вселената се зема оддалеченоста од околу 100 километри од Земјата.

Леталото во сопственост на „Блу Ориџин“ полетала со Безос, неговиот брат Марк, Оливер Димен (18) и Воли Франк (82). Воли Франк е пионерка во вселенското истражување која се обучувала и за астронаут, но полетала дури во вторникот, кога станала најстарата личност што била во вселената.

Димен е најмладиот патник во космосот, син му е на успешниот бизнисмен и го платил билетот за летот, но не е објавено колку го чинело остварувањето на детскиот сон. Се знае дека патникот кој првобитно требал да лета со Безос платил на аукција 28 милиони долари, но се повлекол од нејасни причини.

Ова било првото туристичко патување на „Блу Оринџ“ и не се очекува дека и останатите летови ќе бидат толку скапи, макар компанијата не ги објавила цените на билетите. Компанијата на Брансон за вакви патувања би требало да наплатува околу 250,000 долари, пренел Би – Би – Си.   

Извор: b92.net

Фото: Variety