Наука

Зошто е важно да се прегрнуваат децата?

Зошто е важно да се прегрнуваат децата? - Работник
296views

Докажано е дека децата кои не биле прегрнувани имаат когнитивни и развојни проблеми. Кај истите деца е детектирано намалено лачење на хормонот серотонин што е поврзано со депресивно однесување. Нивниот имунолошки систем е нарушен а нивоата на стрес многу поголеми во споредба со нивоата на стрес кај децата на кои им бил пружан позитивен допир.

Помалку позитивен допир е поврзан и со зголемување на агресивното однесување. Една студија која го набљудувала поведението на децата во игралиштата во Америка и Франција открила дека родителите во САД ги допирале нивните деца помалку од француските родители. Било откриено и дека децата во Америка биле поагресивни кон нивните родители и врсниците во споредба со нивните врсници од Франција.

Допирот исто така ја намалува анксиозноста. Кога се прегрнуваат тогаш и бебињата и мајките имаат намалување на хормонот кортизол кој се лачи кога организмот е под стрес, и наместо тоа, се зголемува лачењето на окситоцинот – хормон кој ги засилува меѓучовечките релации и го поттикнува чувството на доверба.

Извор: theconversation.com