Поставете го ова прашање на разговор за работа и ќе добиете понуда
Кога при крајот на разговорот за работа регрутерот ќе го постави прочуеното прашање: „Дали Вие имате прашање за нас?“, поголемиот дел од регрутерите веќе имаат формирано оценка за вашите технички вештини. Тој момент всушност служи за нешто друго – работодавачот да разбере како размислувате.
Поголемиот дел од луѓето, меѓутоа, во потполност ја промашуваат оваа прилика. Поставуваат предвидливи и „сигурни“ прашања за работната култура, можностите за напредување или дневните задачи. Од друга страна, најуспешните кандидати прашуваат за конкретен проблем кој компанијата се обидува да го реши со отворањето на таа позиција.
Поранешен регрутер со повеќегодишно искуство во компаниите Google, Uber и The New York Times за CNBC Make It истакнува дека компаниите не ги отвораат позициите поради забава. Некој во системот има проблем кој мора да биде решен и го бара лицето кое може тоа да го направи без потреба од константен надзор.
Доколку на интервју влезете со искрена љубопитност и поставите прашање во стилот: „Што е всушност тука расипано и треба да се поправи?“, тоа во истиот момент ве издвојува од масата.
Еве четири начини како да го поставите ова прашање и што секој од нив му кажува на работодавачот за вас:
1. „Што во овој момент е навистина расипано, а што очекувате новото лице да поправи?“
Ова прашање веднаш го привлекува вниманието на регрутерот, но клучно е да се постави со доза на скромност, а не како провокација. Добар вовед може да биде: „За да бидам сигурен дека својата енергија ја насочувам во вистинската насока, би сакал да ве прашам…“
Што ова зборува за Вас: Покажува дека не ја бркате само официјалната титула, туку дека сте возбудени поради најтешкиот дел од работата. Покрај тоа, одговорот кој ќе го добиете од права рака ви дава информација која ниту една подготовка не може да ја обезбеди – точната причина зошто позицијата постои, што ви овозможува веднаш да објасните како вие можете да го решите тој проблем.
2. „За една година од денес, што е тоа поради што ќе речете дека ангажирањето на ова лице било полн погодок?“
Многу кандидати прават грешка обидувајќи се да докажат дека ја „заслужуваат“ работата, наместо да дознаат како успехот на таа позиција ќе се мери.
Што зборува тоа за Вас: Покажува дека веќе размислувате како да сте во таа улога. Кога регрутерот ќе ви одговори, немојте само да кимате со главата. Сумирајте го кажаното и поврзете го со искуството: „Ако добро ве разбрав, успехот изгледа така. Дозволете ми да ви раскажам како тоа го решавав…“
3. „Која е личноста во вашиот тим која би сакале да ја клонирате?“
Ова прашање ја покажува желбата да го разберете успехот низ специфичен контекст на тимот, а не преку општа теорија.
Што ова зборува за Вас: Луѓето кои го поставуваат ова прашање брзо се прилагодуваат на новото опкружување, бидејќи веднаш анализираат што во пракса функционира. Ако го напуштите интервјуто со јасна слика за тоа кој во компанијата бил успешен и на кој начин, ќе имате огромна предност во наредните кругови.
4. „Кој дел од работата луѓето најмногу го потценуваат?“
Ова е исклучително разорувачко прашање кое на регрутерот му отвора простор да ви открие што по прашање на работната позиција најмногу го загрижува и го држи буден ноќе.
Што ова зборува за Вас: Покажува висока проникливост и зрелост. На работодавачот му ставате до знаење дека повеќе би избрале да ја дознаете вистината и да се фатите во костец со комплицираните предизвици, отколку да останете на површина.
Интервјуата за работа често делуваат како аудиции на кои едниствена цел е да „се биде избран“. Меѓутоа, кандидатите кои ќе бидат примени на лице место никогаш не ја играат таа улога. Тие на разговорот му пристапуваат како да се веќе вработени и го користат тој час и пол за да сфатат што дошле да поправат.
Извор: BIZLife/K. J.

