Европа останала без работници: Овие се занимањата кои работодавачите очајнички ги бараат
Вештачката интелигенција веќе со години го менува начинот на кој зборуваме за иднината на работата. Додека едни стравуваат дека автоматизацијата ќе укине цели категории на работни позции, други гледаат прилика за настанување на нови професии и поинаков начин на работа. Сепак, податоците од европскиот пазар на труд за 2026 година покажуваат нешто многу поинтересно: најголемата побарувачка на работодавачите не е нужно за луѓе кои работат со вештачка интелигенција.
На Европа, пред се’, потребни и’ се луѓе кои знаат да поправаат, произведуваат, возат, да се грижат за другите и да го одржуваат системот кој секојдневно функционира.
Според анализата на пазарот на труд која ја спровела компанијата BestBrokers, на основа на податоците на Евростат и европската мрежа EURES, работодаачите помеѓу април 2025 и март 2026 година огласиле повеќе од 10 милиони слободни работни места ширум Европа. Истовремено, земјите се соочуваат со се’ поизразен недостиг на работна сила, посебно во професиите кои изиксуваат конкретни вештини.
Тоа создава помалку парадоскална слика на европскиот пазар на труд: додека се зборува за тоа дека ВИ ќе ги замени работниците, на многу компании денес всушност им недостигаат луѓе кои можат да ги извршуваат задачите кои технологијата се’ уште не може едноставно да ги преземе.
На Европа и’ недостигаат работници, но не секаде подеднакво
Пазарот на труд во Европа и понатаму е релативно силен, но разликите помеѓу земјите се огромни. Стапката на вработеност е поголема од 80 % во 11 земји, а на врвот се Малта со 83,4 % и Холандија со 83,3 %. Следуваат Чешка со 82,8 % и други земји од северна и централна Европа.
Просекот на Европската унија изнесува 76,2 %. На другиот крај на скалилото се наоѓаат Турција, со стапка на вработеност од 57,3 %, додека меѓу земјите со пониски стапки се и Македонија, Италија и Романија. Тие податоци покажуваат колку европските пазари се разликуваат – од економии кои речиси да немаат доволно слободни работници до оние кои се борат со релативно ниска вработеност.
А бројот на вработените не ја раскажува целата приказна. Според истражувањето на Eurofound, околу 18,8 % од работните места во ЕУ можат да се сместат во категоријата ранливи работни места, кои комбинираат ниски примања, несигурно вработување и недостаток на одредени права на работното место.
Со други зборови, прашањето повеќе не е само колку луѓето работат, туку и какви се работните места на кои работат.
Шпанија вработува, Турција губи работна сила
Промените се видливи и во движењето на бројот на вработени. Шпанија помеѓу првиот квартал од 2025 и првиот квартал од 2026 година го зголемила бројот на вработени за околу 430.000 луѓе, повеќе отколку било која друга европска земја. Следуваат Португалија со 82.000 нови вработени, Грција со 34.000, Хрватска со 16.000 и Кипар со 12.000.
Вкупно, овие пет земји го зголемиле бројот на вработени за околу 574.000.
Но истовремено, некои економии губат работна сила. Турција во истиот период останала без дури 392.000 вработени, што претставува најголем пад во Европа. Германија изгубила околу 32.000 вработени, Италија 24.000, а Словачка 25.000.
Посебно е интересен случајот на Германија. Земјата истовремено спаѓата меѓу најголемите европски работодавачи и меѓу земјите кои имаат проблем со намалување на бројот на вработени. Иако бројот на вработени паднал, компаниите барале луѓе за повеќе од 2,4 милиони работни места.
Тоа е еден од клучните парадокси на европскиот пазар на труд: работни места има, но нема доволно луѓе кои би ги пополниле.
Малите земји растат најбрзо
Ако се гледа процентот, а не вкупниот број на нови вработени, сликата е поинаква. Кипар го зголемил бројот на вработените за 2,52 %, а Малта за 2,22 %, со што овие две мали економии забележале најголем раст на вработеноста во Европа.
Двете земји во голема мера зависат од странски работници, а туризмот, угостителството, сообраќајот и трговијата продолжуваат да креираат нов работни места. На другиот крај се наоѓаат Унгарија, чија вработеност паднала за 1,34 %, Турција со пад од 1,32 %, како и Словенија, Словачка и Србија, која забележала пад на бројот на вработени од 1,14 %.
Зад овие бројки се наоѓаат проблеми кои не се нови: стареење на населението, заминување на работната сила во странство и побавен раст на поединечни економии. Ако постои една порака која се издвојува од европските податоци за 2026, тогаш тоа е дека недостигот на работна сила се’ повеќе се претвора во еден од најголемите економски проблеми на континентот.
Холандија, на пример, има најголем број на огласени слободни работни места – дури 2,83 милиони. Истовремено, стапката на вработеност изнесува 83,3 %, што е втора најголема стапка во Европа. Германија и Холандија заедно бараат повеќе од 5,2 милиони работници, иако двете забележале пад на бројот на вработени во однос на претходната година.
Слично несогласување се гледа и во другите земји. Шведска огласила околу 285.000 слободни места, додека бројот на вработени е зголемен за само 32.000. Финска барала повеќе од 109.000 работници, иако бројот на вработени паднал за околу 11.000. Белгија имала повеќе од 1,2 милиони огласи за работа, со севкупен раст на вработеноста од 21.000 луѓе.
Поради тоа Европа се’ повеќе се обидува да привлече работници вон своите граници. Европската унија во јуни 2026 година ја покренала EU Talent Pool, платформа наменета за поврзување на европските работодавачи со кандидати од земјите вон ЕУ, токму поради се’ поизразениот недостиг на работна сила и вештини.
А сега најинтересниот дел: кои луѓе Европа всушност ги бара?
Ако сте очекувале дека на врвот на листата се програмерите, ВИ инженерите и другите дигитални стручњаци, податоците носат прилично друга слика. Најбарана група на работници во Европа се техничките работници, со 731.953 слободни работни места.
На второ место се наоѓаат стручните соработници во администрација и канцелариските работи, со 630.033 огласи, потоа следуваат работниците во металопреработувачката и машинската индустрија со 596,701, оператори на машини со 522.808 и возачи и оператори на возила со 519.386 слободни позции. Само овие три групи сочинуваат речиси три милиони слободни работни места. Дури после нив се наоѓа ИКТ секторот, со околу 375.000 отворени позиции.
Тоа е важен податок во момент кога речиси секоја приказната за иднината на работата се врти околу ВИ. На европската економија потребни и’ се луѓе со дигитални знаења, но подеднакво, а често и многу повеќе, недостигаат работници во производство, индустрија, логистика, одржување и други професии.
Значи, иднината на работата нема да биде само дигитална. Ќе биде и доста физичка.
Германија бара технички работници, Финска ИТ стручњаци
Разликите помеѓу земјите дополнително покажуваат колку пазарот на труд е разнолик. Техничките работници се најбарани во Германија, Франција, Австрија, Чешка и Романија. Во Германија за оваа група биле огласени дури 239.039 позиции.
Финска, од друга страна, е меѓу земјите во кои ИТ стручњаците се најбарани, со повеќе од 20.000 слободни места. Во Шведска, Швајцарија, Норевшка и Лихтенштајн особено е изразена побарувачкаката за здравствени и стручњаци за нега. Тоа не е изненадување ако се земе предвид забразаното стареење на населението и се’ поголемиот притисок на здравствените системи.
Во Шпанија, Португалија, Малта, Данска, Словачка, Унгарија и на Исланд најбарани се работниците во услужните дејности, што зборува за тоа колку туризмот, угостителството и услугите и понатаму влијаат на европското вработување.
А недостигот од работна сила се’ повеќе се чувствува и во училиштата. Во Полска, Бугарија и Естонија наставнциите спаѓаат меѓу најбараните професии, со повеќе од 18.900 отворени позиции во овие три земји. Стареењето на наставниот кадар и се’ помалиот број на млади кои влегуваат во професијата создаваат проблем кој, судејќи по се, дополнително ќе се продлабочи.
Што тоа ни зборува за иднината на работата?
Најинтересен заклучок на европскиот пазар на труд во 2026 година можеби е токму тој што е помалку драматичен од предвидувањата за целосна автоматизација. ВИ ги менува професиите. Автоматизацијата сигурно ќе ја намали потребата за одредени работни места, а некои професии ќе се променат од корен. Но истовремено, на Европа и недостигаат луѓе за цела низа на професии кои е многу тешко да се автоматизираат – од медицински сестри и наставници до техничари, возачи и квалификувани работници во индустријата.
Затоа иднината на работата повеќе нема да се сведува на прашањето: „Дали вештачката интелигенција ќе ме замени? Многу поважно ќе биде прашањето: „Кои вештини ќе им бидат потребни на луѓето и машините кои работат заедно?“
Засега, податоците покажуваат дека Европа не бара само луѓе кои умеат да користат ВИ. Бараат луѓе кои умеат да го направат она што е потребно за целата економија да продолжи да функционира. А можеби токму тоа е најголемото изненадување на 2026 година: во ера на вештачката интелигенцја, еден од највредните ресурси и понатаму е – човекот.
Извор: BIZLife.rs

