Светот на работникот

За работа на плажа сонуваат многумина, оние кои се осудуваат да го направат тоа, ги избираат овие дестинации

Дигиталните номади се’ повеќе ја избираат Европа, клучните фактори при избор освен достапноста на интернет и ниските цени, е безбедноста.

Младите денес се’ повеќе трагаат по работни места кои не мораат да се извршуваат од канцеларија. На многумина животна желба им е да патуваат низ светот и да работат на своите телефони или лаптопи, далеку од затворениот простор, шефовите и колегите, со поглед на океан или планина.

Во јавноста за нив постои универзален назив – дигитални номади, а тие при изборот на местото од каде што ќе работат, внимание обрануваат на комбинацијата од ниски трошоци, брз интернет, безбедност и можност за добивање виза.

Новата ранг-листа покажала кои се најдобрите европски земји за дигитални номади во 2026 година, земајќи предвид се – од кирија и цени на намирниците до брзината на WI-FI мрежата, бројот на простори за заедничка работа, безбедност и визните правила.

Глобалната база на податоци LEI анализирала 40 земји ширум континетот користејќи 19 различни показатели за да утврди кои се најдобрите дестинации за луѓето кои работат на далечина, а при рангирањето предвид се земени и познавањето на англискиот јазик, здравствената заштита и бројот на локални настани.

Најдобри европски земји за дигитални номади

Првото место го зазела една од трите балтички земји, Естонија. Ниските трошоци на живот, добрата инфраструктура и поволниот однос кон дигиталните номади, биле доволни за првата позиција.

Еднособен стан во центар на естонски град во просек чини 573 евра месечно, додека месечното купување на намирници на жителите чинат околу 247,80 евра. Брзината на интернетот е добра, безбедноста е најголема меѓу земјите опфатени со истражувањето, а визата за дигитални номади важи една година и чини 85 евра.

На второ место е една од најскапите дестинации, Исланд. И додека просечната кирија изнесува дури 2.098 евра, намирниците за еден месец чинат 541,52 евра, па Исланд ги исполнува критериумите.

Предностите на Иланд се брзината на интернетот, најголем број на простории за заедничка работа и голем број на достапни Airbnb сместувања. Исто така е оценет како многу безбеден и нуди голем број на различни настани.

На трето место е Португалија, која веќе долго време е омилена меѓу дигиталните номади благодараение на одличниот интернет, високото ниво на знаење на англискиот јазик и достапноста на визите.

Едногодишна виза за дигитални номади чини 80 евра, додека просечната кирија за стан во центарот на градот е релативно висока и изнесува 919 евра месечно. Меѓутоа, оваа земја на дигиталните номади им нуди добра инфраструктура за работа на далечина, па се држи на високата трета позиција.

Црна Гора го зазема четвртото место на ранг-листата, најпрво благодарение на исклучително пристапната цена на визата – само 26 евра- додека визата може да важи до 730 дена, што е најдолг период помеѓу сите земји опфатени со истражувањето.

Просечната кирија во Црна Гора изнесува 576 евра, додека месечните намирници чинат околу 211,22 евра. Од друга страна, минус на Црна Гора е послабата здравствена заштита, додека е втора на листата по достапност на Airbnb сместувања, што ја прави идеална за дигиталните номади со поскромен буџет.

На петто место е Хрватска, која го нуди вториот најдолг период на важење на визата – 540 дена. Исто така, добро се котира и поради високите оцени на безбедноста и достапноста на Airbnb сместувања по жител.

Просечната цена на становите во центарот на градот изнесува 663 евра, додека месечното купување на намирници чини околу 232,46 евра. Нивото на знаење на англискиот јазик е висок, а настани има многу. Брзината на интернетот остава доста простор за подобрување и најбавна е на целата листа.

Првите десет ја комплетираат Словенија, Чешка, Литавнија и Романија. Сите овие земји имаат свои предности и мани, во зависност од тоа што конкретно дигиталниот номад бара, но сите претставуваат сигурни опции за оние кои не знаат од каде да почнат.

Најлош избор за дигиталните номади во Европа

На другиот крај на ранг-листата се наоѓаат пет земји кои некои дигитални номади можеби би сакале да ги избегнат – Ирска, Швајцарија, Белорусија, Босна и Херцеговина и Франција.

Извор: EUpravo zato/Euronews