ПравдаСветот на работникот

ЗПЛ: Матичните лекари не треба да бидат изоставени, да ни се исплатат заостанатите капитации

Здружението на приватни лекари ја поздравува одлуката на Владата со 20 проценти на плата за два месеци да ги награди здравствените работници вклучени во борбата со Ковид-19, но и реагира бидејќи се изоставени матичните лекари.

Претседателката на Здружението, Лилија Чолакова Дервишова на прес-конференција рече дека не бара награда, туку Владата да го исполни ветувањето за редовна исплата на капитацијата на матичните лекари, што сега им доцни 67 дена, последната исплатена им била за месец февруари, а во јавното здравство е исплатена и за април.

Повеќе прочитајте на Либертас.мк