Правда

Известување од Министерството за внатрешни работи

   Време за читање 1 минута

На 14.03.2020 година, на иницијатива на ОВР Струга, во струшкото село Лабуништа, полициски службеници одржаа работен состанок со членови на советодавна група на граѓани и председателите на месните заедници од селата Лабуништа, Октиси, Подгорци, Боровец и Јабланица. Средбата имаше информативно-превентивен карактер во врска со актуелната состојба со појавата на вирусот COVID-19, прогласената кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, како и преземање мерки за заштита на целото подрачје од корона вирусот.

На работната средба, на присутните им беше укажано на потребата од доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата. Посебно беше нагласена потребата од почитување на препораките за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високоризичните земји, со посебен акцент на лица од Италија.

Договорена е засилена координација на председателите на месните заедници со полициските службеници за прецизно утврдување на идентитетот на лица кои во изминативе денови допатувале од високоризичните земји, со насоки и укажувања за доследна примена на препораката за 14-дневна самоизолација во сопствените домови. Договорено е, на таквите лица да им се укаже на обврската за задолжителни телефонски контакти со Центарот за јавно здравје во Охрид на мобилниоот телефон 070-723 029.

Во случај на потреба од дополнителни информации, сите правни и физички лица можат да се обратат на полицискиот телефон 192 и исклучително да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Извор: Влада