Измамник лажел дека е вработен во Фонд за здравство и оштетил жена за 6.000 евра
Време за читање помалку од минута
43-годишно лице од Гевгелија доби кривична пријава затоа што оштетил жена за 6.000 евра.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против И.П.(43) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, велат од МВР.
Како што информира МВР, во периодот од август 2022 до мај 2023 година, пријавениот преку телефон, лажно се претставувал како С.Г., вработен во Фондот за здравство, при што со нудење на помош за подигање на парични средства од Фондот, со измама ја навел А.Г. од с.Балинци да му исплати околу 6.000 евра.
Latest posts by Портал Работник (see all)