Правда

Измените на законите за основно и средно во понеделник пред пратениците

   Време за читање 1 минута

Во понеделник се очекува Собранието да ги усвои работните тела. Партиите вчера постигнаа консензус за нивната поделба, додека во текот на денот ги одредија составите. Во Комисијата за избори и именувања, мнозинството и опозицијата се судрија околу составот на Комисијата за локална самоуправа и членувањето на  пратеници кои не се организирани во пратенички групи. СДСМ ќе претседава со 8 собраниски комисии, вклучувајќи ги Комисијата за избори и именувања, Комисијата за политички систем, Комитетот за образование и Комисијата за одбрана и безбедност.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има главно доверливите комисии, како што се таа за следење на комуникациите и Комисијата за надзор на работата на безбедносните служби. Опозицијата ќе раководи и со Комисијата за надворешна политика како и со Финансии и Буџет.

ДУИ ќе ги има Уставната комисија, Комисијата за европски прашања и Комисијата за здравство, каде за претседател е предложен Арбен Зибери, кого Филипче го разреши од функцијата на директор на Центарот за јавно здравје во Скопје. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседава со Комисијата за труд и социјална политика и Анкетната комисија за слобода и права.

На дневен ред ќе биде и прогалсувањето на  вонредната состојба претходно објавена од претседателот. За одобрување потребен е консензус од 2/3, додека првиот човек на Собранието, Талат Џафери вели дека мнозинството треба да се посвети на обезбедување на потребните гласови.

Од понеделник ќе се расправа за предлог- измените и дополнувањето на Законот за основно и средно образование, со цел да се прилагоди образовниот процес кон условите и протоколите против Ковид-19.

Извор: АлсатМ