Икеа бара работници за виртуелната продавница: Плата 13 фунти на час
Икеа објавила дека вработува 10 работници за својата виртуелна продавница на платформата Robolox во Велика Британија и Ирска.
Овој потег има за цел на младите да им ги прикаже потенцијалните кариерни прилики, но овојпат децата нема да можат да учествуваат бидејќи кандидатите мораат да имаат повеќе од 18 години за да се пријават по пат на BloxzMedia.
„Кај нас имате прилика да менувате одделенија, развивате вештини и напредувате“, се наведува во огласот за работа. Огласот понатаму опишува како вработените можат да пристапат до единственото напредување во кариерата, а работните места вклучуваат помагање на купувачите во изложбените простории каде го избираат мебелот кој можат да го купат онлајн, па дури и служење на виртуелни ќофтиња во бистрото, пренесува Телеграф.рс.
Процесот на пријавување не е едноставен. Пред да ги внесете вообичаените податоци, морате да пополните формулар и да одговорите на прашања како: „Што би направиле доколу ни зафалат пикселски хотдогови во бистрото?“ и „Ако би биле пикселски Икеа мебел, кој би биле и зошто?“
Иако договорот е со ограничено траење, што значи дека нема долго да работите во виртуелната продавница на Икеа, работата е потполно на далечина и нуди саатинина од 13,15 фунти/14,80 евра, што е прилично добро за виртуелни работни места. Меѓутоа, покрај сите овие поволности, постои нешто дистописко во тоа што компаниите се обидуваат да ги рекреираат нашите животи во потполно онлајн опкружување.
Ова не е првпат некоја корпорација да го користи Robolox за промоција и продажба. Пред неколку месеци, Walmart започнал да продава вистински производи на својата Robolox продавница. Иако понудата била ограничена на три артикли кои купувачите можеле да ги купат во Robolox и да ги добијат по пошта, тоа бил мал вовед во можноста која оваа гејминг платформа ја нуди, пишува PC Gamer.
Позитивната страна на овој оглас е што кандидатите мораат да бидат постари од 18 години, со што се избегнува проблематичната пракса на огласување кон децата кои го сочинуваат најголемиот дел од корисниците на Robolox.
Извор: b92.net
Фото: shutterstock, FotograFFF

