ИКТ индустријата со импозантни резултати, Мицкоски смета дека е недоволна владината поддршка
ИКТ индустријата во земјава, и покрај КОВИД-кризата, бележи импозантни бројки. Иднината е во дигитализацијата и затоа државата треба да ги зема предвид барањата на младите инженери, беше заклучокот од денешната средба на членовите на Управниот одбор на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
И во време на пандемија, ИКТ компаниите имале континуитет во работењето. Лани регистрирале обрт од околу една милијарда евра, а бројот на вработени бил повеќе од 16 000 што е најмалку десет проценти раст во однос на 2019 година.
Таа посочи и дека лани се отвориле околу 400 нови компании, а бројот на нововработени се зголемил за 1 200.
-Приходот од работењето е скоро една милијарда евра што е раст од 12 отсто за една година и големо достигнување. -Ова ќе се случеше во секој случај. Дигитализацијата има пораст во целиот свет посебно зашто сите индустрии работат на база на дигитализација поради КОВИД-кризата, рече Антова Пешева.
Според Мицкоски кој оцени дека се импресивни бројките на домашната ИКТ индустрија, недостасува соодветна клима, поддршка од страна на Владата и исполнување на предизборните ветувања.
-Обртот на компаниите е околу една милијарда евра, а бројот на вработени повеќе од 16 000 што е за десет и повеќе проценти поголем раст од 2019 година. Импозантно е и тоа што извозот на годишно ниво лани бил повеќе од 230 милиони евра, додека данокот што го платиле овие компании како резултат на профитот бил 12,5 милиони евра што е сериозна бројка која влегува во Буџетот. Сепак, недостасува соодветна клима и поддршка од страна на Владата, како и исполнување на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во делот на даночната политика и работние односи, истакна Мицкоски.
Потребно е, напомена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, да се стимулираат овие компании и да се поддржат.
-ВМРО-ДПМНЕ има сериозна пограма во делот на дигитализацијата која беше составен дел и од нашата предизборна кампања. Од Владата денес гледаме се, само не дигитализација. Општество кое нема да биде дигитализирано, се доведува во прапања и неговот постоење, заклучи Мицкоски.
Средбата, како што рече Антова Пешева, се одржала на барање на ВМРО-ДПМНЕ.
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024
- Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти - 12/10/2024