Кочовски: Бесплатни тестови за ранливите граѓани, а не странските туристи
Фејбук статус на Бобан Кочовски, Координатор на трудовиот сектор на Левица:
Ако добро разбрав, Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија БАРА бесплатен ПЦР тест на терет на ФЗОМ за туристи од “Тунгузија”, а граѓаните на Република Македонија да продолжат да плаќаат и по 100 евра од тест?!?!?
Наместо да се воведе бесплатно тестирање на граѓаните кои се социјално загрозени лица или пак приматели на минимална плата, налудничавоста на поедини лица водени од желбата за лично богатење и поголем профит испаѓа на виделина!
Ако толку многу сакаат бесплатен ПЦР тест, тогаш нека го обезбедат самите, а не преку субвенционирање од народни пари или на терет на ФЗОМ. Во никој случај не смее да помине ова! Илјадници луѓе починаа поради немање на финансии за да се тестираат, за сега ДРЖАВАТА да го помага луксузирањето на странци и богатење на приватни лица?!?!? Мизерија.
НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ.
Ако добро разбрав, Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија БАРА бесплатен ПЦР тест…
Posted by Кочовски Бобан on Monday, February 22, 2021

